13.07.2023 Скопје
Според податоците на Евростат, Службата за статистика на ЕУ, вработените во Црна Гора работат 42,8 часа неделно, потоа Србија со 42,3 часа и пред Турција со 42,9 часа.
Просечните работни часови неделно во Европа варираат во голема мера, особено земјите со поголем број на работници со скратено работно време пријавиле пократки просечни работни недели.
Минатата година, просечниот број на вистински неделни работни часови, според податоците на Евростат, на главната работа во ЕУ се движеше од 32,4 часа во Холандија до 39,7 часа во Грција и Романија.
Ова ги вклучува и работниците со полно и со скратено работно време на возраст од 20-64 години.
По Грција и Романија следат Полска 39,5 часа, Бугарија (39,2 часа) и Северна Македонија со 39 часа. Сето ова сугерира дека луѓето во балканските земји имаат најдолго просечно работно време неделно.
Подготвено од А.Ѓ.