03.07.2023 Скопје
Велика Британија, Франција и Германија имаат намера за првпат да објават планови за кршење на нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година, бидејќи ќе потврдат дека нема да ги укинат санкциите кон Техеран во октомври како што е предвидено во договорот.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година, но Германија, Франција и Британија останаа во договорот, иако Иран одговори на акцијата на Вашингтон со прекршување на договорените ограничувања за квалитетот и количината на збогатен ураниум.
Одлуката на европските сили да го прекршат договорот претставува ризик бидејќи не се знае како ќе реагира Техеран во време кога веќе е многу блиску до производство на збогатен ураниум.
Санкциите на ЕУ против Иран истекуваат на 18 октомври, според резолуцијата на ОН која го вклучуваше договорот од 2015 година.
Подготвено од А.Ѓ.