10.07.2023 Скопје
Во моментов во многу земји од Европската Унија дозволено е возење со 0,05 промили алкохол во крвта, но Европскиот парламент бара тоа да се сведе на нула.
Според Европскиот парламент, 23.000 луѓе има загинато во сообраќајни несреќи во 2021 година во ЕУ и затоа парламентот сака да лобира и максималната брзина на движење на возилата во населените места да се ограничи на 30 километри на час во земјите-членки.
Брисел, Париз, Лион и некои градови во Шпанија го воведоа ова ограничување на брзината, а истото ограничување би требало да се воведе и онаму каде што се движат голем број велосипедисти и пешаци.
Европскиот парламент во Стразбур побара од земјите од ЕУ да вложат поголеми напори во однос на безбедноста во сообраќајот.
Подготвено од А.Ѓ.