priroden gas

04.07.2023 Скопје

Трката меѓу европските и кинеските енергетски групи за зграпчување на американскиот течен природен гас (LNG) поттикнува инвестиции во голем број извозни проекти.

Зголемениот број долгорочни договори потпишани од европски и кинески купувачи ќе им помогне на Соединетите Американски држави да ја прошират извозната инфраструктура за да ги направат достапни залихите на LNG во следните две до три години.

Во последните недели, американскиот извозник на LNG Cheniere потпиша 15-годишен договор со норвешки Equinor и повеќе од 20-годишен договор со кинеската Enn. Покрај тоа, конкурентот на Cheniere, Venture Global Lng, потпиша 20-годишен договор со германската Securing Energy for Europe (Sefe), додека француската TotalEnergies купи удел во вредност од 219 милиони долари (254 милиони евра) на терминалот за LNG во Тексас што се развиена од енергетската група NextDecade.

Европа и Кина заедно сочинуваат речиси 40 отсто од договорите за снабдување со течен природен гас во САД склучени помеѓу 2021 и крајот на јуни 2023 година, според податоците на S&P Global Commodity Insights.

Подготвено од М.Н.

About Author