evropa mapa

24.07.2023 Скопје

Портокалова метеоролошка тревога е објавена денеска на Корзика поради топлотен бран со дневни максимални температури до 40 Целзиусови степени на југот од островот.

Од север кон југоисток на земјата во сила е жолт метео аларм поради бура, соопшти националната метеоролошка служба Метео Франс.

Кон крајот на ноќта бури со грмежи, мал град и силни налети на ветер се префрли од запад кон исток на Франција и од југ од Централниот масив кон северот на Алпите.

Невреме со грмежи и врнежи од утрово е над регионот Оверњ-Рона-Алпи, а напливот на невреме ќе се пресели од северните Алпи во регионот Алзас-Лорен во источна Франција.

Областа од Бретања до белгиската граница ќе биде зафатена од фронт придружен со врнежи и грмотевици.

Топлотниот бран што ја зафати Грција во неделата ги подигна температурите на нови рекордни вредности.

Во Грција сè уште беснеат пожари на Родос, Крф, Агиос, Каристос и Иликис. Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари и доброволци, а од утрово во борбата со пожарот повторно се вклучени авиони и хеликоптери.

Противпожарната служба соопшти дека во неделата избувнале нови 64 шумски пожари поради екстремно високите температури.

На Родос пожарникарите цела ноќ се бореа со пламените јазици меѓу Аполо и Платанија, а шефот на противпожарната служба Василис Ватракојани на вонреден брифинг со новинарите изјави дека постои сомневање дека пожарите на Родос се подметнати пожари и дека истрагата е во тек.

Ватракојани изјавил дека во моментов голем пожар е во тек на Родос кај населбата Асклипиеио во јужен правец, пренесува „Катимерини“.

Помошник директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод Горан Пејановиќ ги коментираше пожарите во Грција и објасни дека во иднина треба да очекуваме повеќе топлотни бранови.

„Има систематски обид да и се објасни на јавноста дека нашата клима се менува. Благодарение на тоа што хемискиот состав на атмосферата се менува, а има и гасови со ефекти на стаклена градина. Има водена пареа, која е одлучувачки фактор за нестабилно време. Преку систематски мерења, под капата на Светската метеоролошка организација, се чувствува дека температурата секоја година се зголемува во текот на седум, нови години“, истакна Пејановиќ.

Потоа објасни какво време може да се очекува во блиска иднина: „Ефектот не е само на атмосферата, односно воздухот, туку и на светскиот океан, така што и тој се загрева за 0,8 отсто, а неговото затоплување доведува до поголемо испарување, па атмосферата добива повеќе водена пареа. За очекување е да имаме топлотни бранови, суши, пожари, но и се повеќе и повеќе невреме“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author