25.07.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека ЕУ одвои дополнителни 1,5 милијарди евра за Украина како дел од макрофинансиската помош.
„Денес уплативме дополнителни 1,5 милијарди евра за да и помогнеме на Украина да продолжи да функционира и да ја поправа инфраструктурата. Ќе има повеќе помош“, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на почетокот на месецот изјави дека Комисијата планира да додели уште 20 милијарди евра воена помош за Украина, што предизвика огорченост кај Унгарија.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто минатата недела изјави дека Киев допрва треба да поднесе извештај за тоа како досега се трошеле парите испратени во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.