evropska unija eu zname

14.07.2023 Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ ги укина ограничувањата за увоз на храна од Јапонија.

„Укинувањето на овие мерки се заснова на позитивните резултати од тестовите за контрола на производите од страна на јапонските власти и земјите-членки на ЕУ“, се вели во соопштението на ЕК.

ЕУ воведе ограничувања за увоз на храна од Јапонија по несреќата во нуклеарната централа Фукушима во 2011 година, а пред оваа одлука, некои пратки храна од оваа азиска земја можеа да влезат во ЕУ само со сертификат, кој покажува дека не го надминуваат максимумот ниво на зрачење.

Станува збор за диви печурки, некои видови риби и рибни производи од Фукушима и девет други јапонски префектури, наведува британската агенција.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и јапонскиот премиер Фумио Кишида вчера се сретнаа во Брисел.

Прес-секретарот на јапонското Министерство за надворешни работи, Хикарико Оно, изрази надеж дека Брисел ќе ги укине споменатите ограничувања пред почетокот на состанокот, велејќи дека тоа ќе биде „голем знак на солидарност од ЕУ“.

Подготвено до А.Ѓ.

About Author