Eruption Of Eyjafjallajokull Volcano In Iceland

11.07.20213 Скопје

Вулкан еруптираше во близина на Рејкјавик, главниот град на Исланд, по интензивната сеизмичка активност во областа.

Канцеларијата за метеорологија ММО соопшти дека ерупцијата се случила на полуостровот Рејкјанес на југозапад од земјата.

„Во моментов тоа е многу мала ерупција“, вели експерт од одделот за услуги и истражување на ММО. Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.

Според медиумите, ерупцијата била потврдена во 16 часот и 40 минути.

Експертите од ММО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author