erdogan jens i shvedska

11.07.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поддржал влезот на Шведска во Алијансата по средбата со премиерот на земјата.

Ердоган во текот на вчерашниот ден изјави дека неговата земја би можела да го одобри приемот на Шведска во НАТО алијансата доколку „се отвори патот за Турција да стане дел од ЕУ“.

Столтенберг оцени дека ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author