18.07.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи Елизабет Борн да остане премиерка.
„За да обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи Борн како премиерка“, рече неименуваниот извор.
Истиот извор додаде дека Макрон ќе го претстави својот план за следните месеци до крајот на следната недела.
Во последните недели медиумите објавија дека би можело да има реконструкција на владата по масовните немири низ земјата поради полициското убиство на 17-годишен тинејџер од алжирско потекло во предградие на Париз.
Подготвено од А.Ѓ.