tornado zastrashuvachko

14.07.2023 Скопје

„Според нашата алатка за рана најава на временски непогоди “NOTHAS”, временските непогоди кои вчера и денес го погодија регионот и не се неочекувани, иако ги изненади тамошните метеоролози. Оваа наша алатка уште пред неколку денови ги предвиде овие временски непогоди со екстремно ниво 4, локално и максимално ниво 5. “NOTHAS” беше сосема и до час прецизен за временската непогода која вчера рано наутро го зафати Загреб, во Хрватска“, истакна метеорологот Славчо Попоски, кој излезе со најнова метео анализа.

Во Унгарија пак фронталниот систем услови и Суперќелијски облаци, а постои опасност и од појава на Торнада.

„Кај нас во државава и понатаму продолжува екстремно топлиот Африкански бран. Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со екстремно висок Ув индекс (коефициент 10). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот)“, додаде Попоски.

Максималните температури во следните најмалку шест до седум денови во поголемиот дел од државава ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат и 40 степени, односно максимумот на температурата таму локално ќе се искачи дури до 43 степени.

Преку ноќите и во раните утрински часови температурата особено во централните, југоисточните предели, како и во Скопската котлина нема да се спуштат под 20 степени, што значи очекуваме “Тропски ноќи”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author