25.07.2023 Скопје
Според прелиминарната проценка, композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI) во САД падна на 52,0 поени во јули, од 53,2 поени во јуни.
PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултатот под 50 укажува дека економијата е во состојба на контракција, односно намалување на економската активност, додека резултатот над 50 укажува на состојба на експанзија – раст на економската активност.
Како што е наведено на веб-страницата на глобалната компанија S&P, PMI во услужниот сектор падна на 52,4 во јули од 54,4 поени во јуни и сега е на најниско ниво во последните пет месеци.
PMI во производството се зголеми од јунските 46,3 на 49,0 поени
„Јули забележа несакана комбинација на побавен економски раст, помалку нови работни места, ублажување на оптимизмот во бизнисот и постојана инфлација“, рече главниот глобален бизнис економист на S&P, Крис Вилијамсон.
Подготвено од А.Ѓ.