gjubre eko akcija

31.07.2023 Скопје

На иницијатива на нуркачките клубови „Норкач“ и „Скаут“ од Струга, околу 40 подводни ентузијасти од Струга, Охрид, Тетово, Скопје, Кавадарци, Белград, Битола и Штип се собраа во селото Радожда и имаа повеќе од успешна еко акција за чистење на брегот од Охридското Езеро.

Организаторите велат дека за жал, имаат извадено многу ѓубре, но има останато уште многу повеќе и нивната заложба е оваа акција да ја спроведуваат и во следните години бидејќи Охридското Езеро „е одговорност на секој од нас“.

Од нуркачките клубови „Норкач“ и „Скаут“ упатуваат голема благодарност до сите учесници, како и до оние кои несебично ги поддржаа во нивната намера: Пивара Скопје, Нула Отпад Скопје, САЕ Тигар Нуркачки клубови: СНК Врело Скопје, ЕНК Пена Тетово, Акватек Охрид, Дно Дна Белград, ЈП Комунална хигиена Струга и Езерската полиција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author