31.07.2023 Скопје
Бројот на лица со високо образование кои земаат месечна плата во износ од 40 илјади денари е двојно зголемен, односно оваа бројка достигнала на 46.563 лица, додека пак во 2017 година оваа бројка изнесувала 20.082 лица.
Податоците од истражувањето на Поталб покажуваат дека за пет години во земјава двојно се зголемил бројот на вработени со високо образование кои се подготвени да го променат работното место за подобри финансиски услови, односно 63 отсто од вработените во 2022 година побарале друга работа поради повисока плата, а во 2017 година тоа го направиле 34 отсто од вработените.
Во 2017 година нивната најниска просечна месечна плата била меѓу 20.000 и 30.000 денари, а просечната плата во 2022 година се движела меѓу 20.000 и 40.000 денари.
Според податоците со кои располага Државниот завод за статистика, за овие пет години намален е бројот на вработени со високо образование кои сакаат да го променат работното место затоа што бараат работа соодветна на нивното образование.
„Гледано од социолошки аспект, ова покажува дека и кај нас доаѓа до израз трендот на мулти-таск личностите, кои се подготвени да менуваат едно работно место за друго, без да имаат за цел вечно да останат на тоа работно место, за летаргијата на „фати си место и не напуштај го“, за релативизирање на работното место со решение за вработување, за пофлексибилен, порационален, подинамичен, поекономичен, финансиски попристапен пристап и за концептот на трајно самозајакнување и самоадаптација. Оваа промена е предизвикана од слободниот пазар на труд каде се бара добро платен професионалец, во споредба со класичниот носител на диплома кој сега треба да ја потврди вредноста на документот со перформанси, способности за решавање на проблеми, комуникациски вештини и кои ќе го креираат имиџот на институцијата“, истакна социологот Али Пајазити.
Според Пајазити, друг фактор е психолошкиот, новата генерација не сака монотонија, сака предизвици, што е позитивно. Дипломата во иднина ќе биде само формалност, ќе биде потребна, но нема да биде гаранција за ништо.
Продолжувањето на работното време е главната причина за промена на работното место кај вработените само со средно образование, при што за разлика од пред пет години, вработените со средно образование во 2022 година го промениле работното место бидејќи им било продолжено работното време, а во 2017 година причина за тоа биле повисоките плати.
Она што е интересно е дека најголемиот дел од работниците со средно образование и оние со основно образование, како и пред 5 години, сè уште земаат исти плати без разлика на степенот на образование. Повеќето од нив сега добиваат плата која се движи од 16.000 до 20.000 денари, додека пак пред 5 години земале од 12.000 до 16.000 денари.
Најголем дел од вработените со високо образование сега земаат повисоки плати од тие пред 5 години, поточно во 2017 година нивната плата достигнала и до 25 илјади денари, а сега повеќето земаат плата до 30 илјади денари.
Двојно е зголемен бројот на лица со високо образование кои земаат месечна плата во износ од 40 илјади денари, односно оваа бројка достигнала на 46.563 лица, додека пак во 2017 година оваа бројка изнесувала 20.082 лица. Во меѓувреме, бројот на лица со средно образование кои земаат плата до 30 илјади денари е 43.767, а во 2017 година оваа бројка изнесувала 10.121.
Инаку, во земјава бројот на невработени се намалува, но се намалува и работната сила и бројот на активното население во земјава.
Повеќе од половина од невработените немаат никакво образование или само основно образование, а голем е и бројот на оние со завршено средно образование кои се невработени. На списокот на невработените се најдоа 18 доктори на науки и 623 магистри.
Подготвено од А.Ѓ.