dojce banka izvestaj

26.07.2023 Скопје

Дојче банк објави дека забележала раст од 11 отсто на годишно ниво, на 7,4 милијарди евра во вториот квартал од 2023 година.

Сепак, добивката од 1,4 милијарди евра на најголемата германска банка пред оданочување беше девет отсто помала отколку во истиот период во 2022 година.

Според главниот извршен директор на Deutsche Bank, Кристијан Севинг, овој исход главно се должи на еднократните трошоци за тужби и реструктуирање, еднакви на 655 милиони евра.

Германските медиуми јавуваат дека банката ги надминала прогнозите на аналитичарите, кои процениле приходи од 7,1 милијарди евра и добивка пред оданочување од 1,2 милијарди евра.

Вчера вечерта на 25 јули банката објави дека почнувајќи од август ќе откупува акции во вредност од 450 милиони евра.

Одлуката е дел од планот на заемодавачот да плати осум милијарди евра на акционерите до 2025 година, во форма на дивиденди и програми за откуп на акции.

Подготвено од М.Н.

About Author