zagrebb

14.07.2023 Скопје

На 39 локации во Загреб во тек се интензивни контрадиверзантски инспекции откако рано утринава повеќе медиуми, како и загрепската полиција имаат добиено електронска пошта за поставени бомби.

Полицијата со кучиња пристигнала и пред зградата на загрепски Јутарни лист на Мартиновка, зграда во која се сместени различни фирми, како и министерството, амбасадата и ресторан.

Од загрепската полиција велат дека веќе извршиле увид на пет локации штом дознале и дека било утврдено дека пријавите се лажни. Е-поштата наводно ја пратил некој кој се крие под името „Одред на 9 ќошиња на Балканот“, што интензивно го анализираат криминалните истражители. Во е-поштата пишува:

„Добро утро, ние сме Squad 9 Angles, дел од Дубрава. Ја носиме смртта насекаде, во славата на Еон и Сатаната, против демократската христијанска цивилизација, која со векови не оддалечува од човечката суштина. Човечката суштина е брутална, безмилосна. Ние не сме како вас стадо говеда со мало забче. Нема малку. Но, ние сме посветени на нашата кауза, за која сме спремни да умреме и убиваме. Поставивме темпирани бомби со тајмер, кој е нареден да експлодира во утринските часови на овој ден. Секоја темпирана бомба содржи ампула од експлозив Ц4 со нервен агенс на Сара. Кој шири смрт и страдање на сите во близина на детонацијата. Смрт за христијанската цивилизација, Смрт за демократија, Смрт за државата, Смрт за сите и се што ни се спротивставува, Да живее одред 9 ќошиња вечно“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author