https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

04.07.2023 Скопје

Од земјите члеки на НАТО се очекува денеска да му го продолжат мандатот за уште една година на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, известија американските медиуми.

За оваа одлука се соопштуваше изминатите недели, но се очекува амбасадорите на НАТО официјално да го утврдат продолжениот мандат на денешната средба.

Јенс Столтенберг (64) претходно беше премиер на Норвешка, на чело на НАТО е од 2014 година, а требаше да замине од функцијата кон крајот на септември, но најверојатно ќе остане како генерален секретар уште 12 месеци.

Меѓу можните кандидати за шеф на НАТО фигурираа имињата на министерот за одбрана на Велика Британија Бен Волас, кој отворено кажа дека би сакал да ја наследи таа должност, и премиерката на Данска, Мете Фредерискен.

Подготвено од М.Н.

About Author