04.07.2023 Скопје
Грчкииот Парламент со својот нов состав што произлезе од изборите на 25 јуни и веќе положи свечена заклетва, денеска ќе одржи седница за избор на претседател и потпретседатели.
Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, повторно го предложи Константинос Тасулас за претседател на Парламентот, и доколку биде изгласан ќе добие уште еден четиригодишен мандат.
За да биде избран од пратениците, потребно е да добие најмалку 151 глас, а пред еден месец, по првите избори во Грција, Тасулас беше избран со широко мнозинство, односно со 270 гласа „за“, меѓутоа тогаш, Парламентот веднаш се распушти во пресрет на новите избори.
Откако денеска ќе се избере претседател на Парламентот, на крајот на следнава недела, веројатно од четврток до сабота ќе се одржи тридневната расправа во Парламентот за гласање доверба на Владата.
Подготвено од М.Н.