francija marsej zapalen parking so avtomobili

03.07.2023 Скопје

Група демонстранти во Франција синоќа запалија паркинг со нови автомобили во Марсеј. Нови немири избија во неколку градови во текот на протестите поради смртта на Нахел, 17-годишниот убиен во Нантер минатиот вторник за време на полициска контрола.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свика итен владин состанок на безбедносните служби во државата по немирите низ Франција кои не стивнуваат веќе пет дена.

Изминатата ноќ четврта по ред ноќ на немирите, како што објави француското Министерство за внатрешни работи, запалени се дури 1.300 автомобили, а предизвикани се 2.560 пожари на улиците, а тамошните медиуми пренесуваат дека се нападнати дури 31 полициска станица.

Подготвено од М.Н

About Author