irak demonstracii zapalena svedska ambasada

20.07.2023 Скопје

Ирачката полиција употреби водени топови за да ги растера демонстрантите од Шведската амбасада во Багдад утринава, додека полицајците ги турнаа назад со палки, откако зградата беше запалена во знак на протест против планираното палење на Куранот во Стокхолм.

Како што соопшти ирачката национална телевизија, всушност утрово во зори за време на демонстрации организирани од движењето предводено од шиитскиот исламски проповедник Муктада ал Садр, запалено е седиштето на шведското дипломатско претставништво во Багдад.

Демонстрациите беа повикани во знак на протест против оној организиран од Салван Момика (истиот ирачки бегалец кој на 28 јуни запали копија од Куранот пред џамијата во Стокхолм), и кој планираше да запали копија од Куранот и ирачко знаме пред ирачката амбасада во шведскиот главен град, откако доби овластување од властите.

Ирачкото Министерство за надворешни работи „остро“ го осуди пожарот на шведската амбасада во Багдад, повикувајќи на „итна истрага“ за инцидентот и „донесување на неопходните безбедносни мерки“.

Подготвено од М.Н.

About Author