meduzi

06.07.2023 Скопје

Црвено знаме е поставено на далматинската плажа Данче поради зголемената концентрација на медузи на плажата.

„Црвеното знаме во овој случај не е поставено поради забрана за пливање, туку како предупредување“, објаснуваат од Црвениот крст на Дубровник.

Оттаму додаваат дека во текот на утрото спасувачката екипа имала осум интервенции предизвикани од убоди од медуза.

„Заради превенција, спасувачкиот тим ќе ги интензивира активностите на базенот за да ги предупреди капачите за новонастанатата состојба. Сакаме да го свртиме вниманието на сите корисници на базенот на потенцијалната опасност“, заклучуваат од Црвениот крст.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author