18.07.2023 Скопје
Чиле потпиша договор за соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ) во енергетскиот сектор, соопшти чилеанското Министерство за енергетика преку порака на Твитер.
„Овој договор е направен во Белгија и има за цел да генерира заеднички акции за поддршка на процесот на декарбонизација и забрзување на енергетската транзиција на нашата земја“, стои во објавата на Министерството.
Од Министерството на Чиле истакнаа дека одржливиот развој и дифузија на зелен водород и деривати, обновливи извори, технологии за складирање, енергетска ефикасност и електрична мобилност се од многу големо значење за целата нација.
Подготвено од М.Н.