31.07.2023 Скопје
Чешките власти го запленија имотот на рускиот бизнисмен Владимир Евтушенков, сопственик на компанијата „Система“.
Евтушенков на крајот на јуни беше вклучен во листата на санкции, а неговиот имот во Карлови Вари беше проценет на повеќе од 20 милиони долари.
Според чешките медиуми, блокирани се сите сметки на рускиот бизнисмен, а ограничено е работењето на неговиот хотел „Савој Вестенд“ во Карлови Вари.
Вредноста на хотелот се проценува на околу 4,6 милиони долари.
Моментално во хотелот можат да престојуваат само оние кои платиле за престој до крајот на јуни, а управата на хотелот предупреди дека вработените може да останат без работа.
Евтушенков е под британски санкции од пролетта 2022 година, а во април оваа година Лондон воведе рестриктивни мерки против семејството Евтушенков – неговата сопруга Наталија, синот Феликс и ќерката Татјана.
Подготвено од А.Ѓ.