27.07.2023 Скопје
Министерството за одбрана на Чешка, соопшти дека чешката армија ги доби првите два борбени хеликоптери „БелАХ-1З Вајпер“ (Bell AH-1Z Viper) кои беа нарачани од САД.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова, изјави дека пристигнувањето на првите два американски хеликоптери е важен момент во модернизацијата на армијата, и дека со оваа придобивка, Чешка ќе ја елиминира зависноста од руската технологија и ќе премине кон помодерна воена опрема.
Чернохова истакна дека до средината на септември се очекува да бидат испорачани уште два вакви хеликоптери, како и два повеќенаменски хеликоптери „Бел УХ-1Ипсилон Веном (Bell UH-1Y „Venom).
Подготвено од М.Н.