Image by wirestock on Freepik

20.07.2023 Скопје

Откако руското Министерство за одбрана објави дека бродовите, кои се движат кон украинските пристаништа во Црното Море, ќе се сметаат за носители на воена опрема, за повеќе од осум отсто скокна цената на пченицата на берзата во Чикаго.

Синоќешните податоци за тргување на СВОТ покажаа дека цената на септемвриските фјучерси на пченицата порасна за 8,16 отсто во 21 часот и 50 минути на 7,25 долари за бушел (27.216 кг).

Цените нагло пораснаа веднаш по објавувањето на руското Министерство за одбрана, бидејќи фјучерсите на пченицата во 16:59 часот изнесуваа 6,95 долари за бушел, а во 17:20 часот нагло пораснаа за повеќе од пет проценти на 7,3 долари за бушел.

Според податоците на берзата, цената на пченицата на CBOT дополнително се зголеми на 7,40 долари за бушел пред отворањето на американските берзи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author