germanija poddrska za bruno kal

06.07.2023 Скопје

Директорот на Федералната информативна служба (БНД), Бруно Кал, има поддршка од Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, соопштија германските медиуми за најновите случувања во врска со функционерот, на врвот на германската надворешна разузнавачка агенција од 2016 година.

На крајот од состанокот кој се оддржа вчера, претседателот на органот на федералниот парламент, Михаел Рот од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) изјави дека има впечаток дека БНД одговорно се соочила со бунтот на Вагнеровата група, дури и во соработка со тајните служби на пријателите и партнерите на Германија.

За возврат, пратеникот на Либерално-демократската партија (ФДП) Улрих Лехте пак изјави дека отказот на Бруно Кал е неминовен поради тоа што многу неспретно се соочил со добиените информации за бунтот на Вагнеровата група.

Подготвено од М.Н.

About Author