rodos drcija pozari

24.07.2023 Скопје

Повеќе од 30.000 луѓе мораа да побегнат од пламените јазици што избувнаа на грчкиот остров Родос. Неконтролираната катастрофа на истокот на островот доведе до евакуација со брод на околу 2.000 луѓе, додека уште 30.000 беа засолнети во спортски сали, училишта или конгресни центри за ноќ.

Во ноќта меѓу саботата и неделата пламените јазици стигнале до селото Лаерма, гореле куќи и црква, јавија грчките медиуми. Од пламените јазици беа оштетени и неколку хотели, а пожарот се прошири и на крајбрежните села Киотари и Генади Лардос. Грчкото Министерство за надворешни работи отвори кризна единица во Атина за да се олесни репатријацијата на странските туристи. Во Грција денеска се очекуваат температури над 44 степени.

Белгиската авиокомпанија Туи најави откажување на сите летови и празници резервирани за Родос за следните неколку дена. Во соопштението на туристичката компанија се вели, „Ситуацијата во јужниот дел на Родос останува нестабилна и тешка. Поради ова и имајќи го предвид влијанието врз погодените локални заедници, Туи одлучи да ги откаже сите летови и празници резервирани до Родос за полетувања до и вклучително вторник, 25 јули“. Грчкиот остров со денови е опустошен од пожари кои предизвикуваат сериозни штети во јужната област. Најмалку 30.000 луѓе се раселени заради безбедност.

Подготвено од М.Н.

About Author