https://flickr.com/photos/slaiman/3595048331/in/photolist-6tFyBV-26yrAgE-RMTsDC-28tezTp-27BCEFD-26Lmt5C-hxkf4T-9ZtAK1-8tXgNK-fpDUAM-NVjaaC-bu8GrV-c5LW1C-ea7t6j-cmkGrb-28WE4A8-MY9wxg-255NoER-qtj3gY-MZ9WrJ-GHcXse-8n2eCg-27XSB9u-28HqmcF-55WDUJ-6BAuKM-24H1Yxt-d9X1h8-JSYyNr-cGjnJN-dZd12v-92XD2P-24QnyUE-ywDFiS-28jVR5p-ceXEu1-ScNaX1-JMzzdX-9DnVDy-8F1TuT-XtQ4ZQ-aFJoXr-rWQkfW-Vrdbmz-nZ9kg4-diebD1-pie4tR-HAVTw6-5CyQbD-mco8yw

28.07.2023 Скопје

Официјални лица од британското Министерство за одбрана случајно испратија мејлови со доверливи информации до Мали наместо до американските сојузници, поради печатна грешка.

Во обидот да стапат во контакт со Пентагон, кој го користи доменот „.mil“, британските власти по грешка ја испуштија буквата „i“ и на тој начин испратија пораки до Мали, кое го користи името на доменот „.ml“.

Повеќето од мејловите испратени до Мали, земја која е во блиски врски со Русија, содржеле тривијални информации, како датуми кога вработените во Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи биле на одмор, но други содржеле детални описи на британското истражување за хиперсонични ракети.

Британското Министерство за одбрана веднаш покрена истрага за случајот.

Подготвено од М.Н.

About Author