26.07.2023 Скопје
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека тесно соработува со Турција за обновување на договорот за жито.
Британскиот премиер Сунак и украинскиот претседател Володимир Зеленски оствариле телефонски разговор во кој повторно заеднички се согласиле колку е важно Украина да може да извезува жито на меѓународните пазари, соопшти канцеларијата на Сунак.
Претседателот Зеленски разговарал и за актуелните потреби на Украина во областа на одбраната, како и за прашањето за безбедносните гаранции, додека пак Сунак му рекол на Зеленски дека е шокиран од уништувањето по рускиот напад во Одеса, се вели во соопштението.
Подготвено од М.Н.