https://www.facebook.com/photo.php?fbid=779574350422380&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

19.07.2023 Скопје

Вучиќ на средба со Столтенберг, се одржува нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.

Денеска Брисел е важна адреса за Белград – истиот ден се разговара во седиштето на НАТО и на Европската Унија. Српскиот претседател Александар Вучиќ попладне ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак ќе разговара со главните преговарачи на Белград и Приштина.

Како што соопшти Алијансата, средбата меѓу Александар Вучиќ и Јенс Столтенберг ќе се одржи околу 19 часот, по што тие ќе се обратат пред медиумите на заедничка конференција.

Вучиќ го иницираше разговорот минатата недела за да му пренесе на првиот човек на НАТО што се случува на Косово и Метохија.

Нова рунда дијалог ќе се одржи денеска и во Брисел. Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак ќе разговара со главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

„Фокусот ќе биде ставен на целосното спроведување на Договорот од 27 февруари и на чекорите кон деескалација на ситуацијата на северот на Косово и Метохија“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано во објава на Твитер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author