https://www.flickr.com/photos/lulaoficial/51872507127/in/photolist-2n2Naaa-2n2UHSz-757n3D-2mLLj82-2mLBFqT-2mLBFvT-2mLHcZ9-2mLHd2J-2nwqaGj-96v1rw-757n7i-7ueir9-6nsH5H-KL6cwJ-aozeZm-83rMKq-83rME3-838v2H-83oFdc-6sNxzW-2nHdjGB-2nHdH6e-2nHaw47-2nHaVKL-2n2TtX6-2n2TtW9-2n2TtVC-noAkG4-2nHch22-9EPVgw-2nHbaxq-2nH74u2-2nHdwaC-2nHdjL9-d9BNMb-2nH74BM-7jLZuo-7jLZsS-2mLKenw-2mLBFpq-ahh7kH-5W6RCM-83rMM1-83oFaZ-81YtDK-2mLKekC-4NgSgo-7uauU8-deipno-7k726W

17.07.2023 Скопје

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека би сакале да имаат договор што ќе го зачува капацитетот на различните страни да одговорат на идните и сегашните предизвици, истакнувајќи ги своите идеи за финализирање на трговскиот договор меѓу Европската унија и латиноамериканскиот трговски блок Меркосур.

Земјите од Латинска Америка и Карибите „бараат инвестиции во инфраструктурата, разновидна логистика, социјална и урбана инфраструктура“, истакна Лула. Воедно, ја истакна и важноста на јавните набавки во трговските односи меѓу Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај – таканаречениот трговски блок Меркосур – и ЕУ.

Бразилскиот претседател додаде и дека владините набавки „витална алатка за вмрежување на инвестициите во инфраструктурата и одржување на нашата индустриска политика“.

„Договорот меѓу Меркосур и Европската унија, кој треба да биде избалансиран, кој (ние) имаме намера да го склучиме оваа година, ќе отвори нови хоризонти“, додаде Лула.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author