27.07.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Нов Зеланд треба да се приклучи на договорот за развој и набавка на воено оружје „АУКУС“, кој што е склучен меѓу Австралија, Велика Британија и САД.
САД и Нов Зеланд се блиски стратешки партнери, иако нивниот сојуз беше суспендиран во 80-тите години од минатиот век, кога Нов Зеланд го забрани пристигнувањето на американски воени бродови со нуклеарно вооружување или нуклеарен погон.
Нивните односи се подобрија во текот на изминатите неколку години благодарение на заедничката загриженост за присуството на Кина во Пацификот.
Американскиот државен секретар во Нов Зеланд се сретна со премиерот Крис Хипкинс и министерката за надворешни работи Нанаија Махута, а денеска ќе отпатува за Австралија каде треба да почнат најголемите австралиско-американски воени вежби.
Подготвено од М.Н.