06.07.2023 Скопје
Вооружените сили на Белорусија одржаа тактичко-специјална вежба на полигон во близина на границата со Украина.
Белоруските сили се потпираа на искуството на руските војници за време на специјална воена операција, соопшти прес-службата на белоруското Министерство за одбрана.
„На полигонот „Брестски“ се одржа демонстративна комплексна тактичко-специјална воена вежба со една од единиците на 38-та одвоена гардиска десантна јуришна бригада. Вежбите беа организирани на седум полигони“, се наведува во соопштението.
Како што е наведено, војниците вежбале правилно окупирање и опремување на просторот каде што се концентрирани војниците, потпирајќи се на искуството на Русија од специјалната воена операција, извршиле обука поврзана со претстојните задачи користејќи ласерско оружје во услови блиски до борба и борбено гаѓање.
Подготвено од А.Ѓ.