20.07.2023 Скопје
Администрацијата на Бајден се уште нема остварено никаков контакт со властите од Северна Кореја во врска со апсењето на Тревис Кинг, американскиот војник кој вчера беше уапсен од властите во Пјонгјанг откако намерно ја преминал демаркационата линија меѓу двете Кореи, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
На прес-конференцијата, потпаролката Жан-Пјер изјави дека се уште собираат информации за инцидентот и се обидуваат да ги дознаат причините што би го навеле војникот, кој требаше да биде вратен по дисциплинска мерка, да се обиде да ја премине границата и да влезе во Северна Кореја.
Подготвено од М.Н.