20.07.2023 Скопје
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека бегството од одговорноста на премиерот на Косово, Албин Курти, доведе до санкции на Косово.
Тој разговараше со претставници на граѓанското општество, со кои разговараше за актуелната политичка состојба и излезот од неа.
„Неиспровоцираната агресија на Русија во Украина го смени начинот на размислување и делување. Наша задача во Косово беше како да го најдеме својот пат по новонастанатата ситуација. Со најголема грижа зазедовме не многу лесна позиција. Сфативме дека конечното признавање во сегашните околности, во нашиот квалитет како партија, е невозможно. Го поддржавме француско-германскиот договор“, истакна Харадинај.
Подготвено од А.Ѓ.