https://www.facebook.com/photo.php?fbid=745939367533029&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

14.07.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека тој и другите лидери на НАТО покажале дека воената алијанса останува „пообединета од кога било“, додавајќи дека Украина ќе се приклучи на НАТО, но и дека Русија „веќе почнала да се меша во американските избори“, закажани за ноември 2024 година.

Тој додаде дека не постои реална основа рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје, како и дека „Путин веќе ја загуби војната во Украина“, но и дека Путин на крајот ќе сфати дека не е во интерес на Русија да продолжи со војна.

Кога станува збор за приемот на нови членки на НАТО, Бајден рече дека приемот на Шведска и Финска „ќе го направи светот побезбеден“, додека, што се однесува до Украина, ќе мора да почека до крајот на војната.

„Никој не може да се приклучи на Алијансата додека таа е во војна, бидејќи тоа ќе ја гарантира третата светска војна. Меѓутоа, Русија не може да ја одржува војната во Украина со години“, рече Бајден.

Бајден во текот на вчерашниот ден се сретна со лидерите на другите нордиски земји, вклучувајќи ги Шведска, Норвешка, Данска и Исланд.

Во разговор со европските лидери, тој рече дека „мирот и безбедноста во Европа се клучни за американскиот народ“, како и дека САД и нивните сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на Алијансата, вклучително и Финска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *