13.07.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со нордиските лидери во финската претседателска палата, за време на неговата посета на најновата членка на НАТО.
Бајден отпатува во Финска, која ја дели границата со Русија, директно од овонеделниот состанок на НАТО во Вилнус за да учествува на американско-нордискиот самит со лидерите на Финска, Шведска, Данска, Исланд и Норвешка.
Тој ќе одржи заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниниста пред да се врати во Вашингтон.
Пред билатералната средба со Ниниста, Бајден ја поздрави Финска како „неверојатна предност“ за воената алијанса на НАТО.
„Мислам дека НАТО никогаш не бил посилен“, им рече тој на новинарите во палатата.
Бајден, исто така, рече дека тие се залагаат за заеднички демократски вредности.
Нинисто рече дека членството на Финска во НАТО најавува „нова ера во нашата безбедност“ и го поздрави Бајден за „градењето единство“ на самитот во Вилнус, кој се фокусираше на градење единство за поддршка на Украина.
Со посетата на Финска, Бајден ја завршува овонеделната турнеја низ Европа.
Темите на дискусија се очекува да вклучуваат климатски промени и нови технологии, меѓу другото.
Пред Финска, Бајден беше во Вилнус, каде што се одржа дводневен самит на НАТО, а посетата на Европа ја започна со заминување во Лондон, каде што се сретна со британскиот премиер Риши Сунак и кралот Чарлс Трети.
Подготвено од А.Ѓ.