bajden poddrska fon der lajen nato

05.07.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден „се обидува да ја убеди“ претседателката на Европската комисија и поранешна германска министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО на крајот од мандатот на секретарот во заминување, Јенс Столтенберг.

Ова го изјави извор од алијансата, според кој Фон дер Лајен е „омилен кандидат“ на Бајден откако беше блокирана кандидатурата на британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Недостатокот на поддршка од американскиот претседател беше пресуден за неуспехот на кандидатурата на Валас, и според анонимни извори Бајден и Фон дер Лајен изградиле „силна врска“ во последниве години за клучните прашања како што се климата, Кина и конфликтот во Украина.

Фон дер Лајен минатиот март ја посети Белата куќа и по тој повод САД и Европската унија најавија почеток на преговорите за договор за критичните минерали. Мандатот на Столтенберг повторно е продолжен за 12 месеци поради неможноста членките на алијансата да се договорат за името на наследникот.

Подготвено од М.Н.

About Author