06.07.2023 Скопје
Претседателот на Америка, Џо Бајден, на билатералната средба во Белата куќа со шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека Шведска е „пријателска земја и важен сојузник“ на Соединетите Американски држави.
„Ние сме желни конечно да и посакаме добредојде на Шведска во НАТО“, истакна Бајден. Кристерсон, од друга страна, возврати со тврдењето дека Шведска многу ја цени поддршката на Соединетите Американски држави на нивниот пат кон членство во НАТО.
Шефот на владата во Стокхолм сакаше да разјасни дека Шведска и Соединетите Држави споделуваат широк спектар на стратешки приоритети, од поддршка за Украина до трансатлантска безбедност, до борбата против климатските промени и заканата што ја претставува Кина за демократијата во светот.
Подготвено од М.Н.