https://www.facebook.com/photo.php?fbid=690581326402167&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

27.07.2023 Скопје

Претседателот на САД, Џо Бајден издаде наредба на американската влада да започне со доставување до Меѓународниот кривичен суд во Хаг податоци за наводните руски воени злосторства кои се извршени во Украина.

Пентагон се спротивставува на таквиот потег на американскиот претседател, а претставници на американското Министерство за одбрана велат дека секоја отворена соработка со Судот во Хаг може да го отвори патот за политизирано гонење на американскиот воен персонал кој служи во странство.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти дека, САД веќе испратиле тимови од меѓународни истражители и обвинители да му помогнат на украинското Јавно обвинителство да подготви случаи за воени злосторства, но одби да образложи каква било соработка со судот во Хаг.

Подготвено од М.Н.

About Author