28.07.2023 Скопје
Atlantica Digital, членка на групацијата Smart 4 Engineering, ја консолидира својата водечка позиција како снабдувач на решенија за паметна мерна платформа во областа на енергетскиот и еколошкиот сектор на Блискиот Исток.
Преку својата подружница Atlantica Smart Metering Solutions L.L.C, компанијата успешно склучи неколку практични демострации со три главни претпријатија во ОАЕ, Sharjah Electricity, Water and Gas Authority (Sewa), Adnoc City Gas (дистрибуција на природен гас за станбени, комерцијални и индустриски клиенти) и компанијата Табред која е исто така активна во земјите на Советот за соработка во Персискиот залив.
ОАЕ ја потврдија уникатноста на решението предложено од Атлантика, засновано на единствена платформа способна истовремено да управува со дигитални броила за вода, енергија и гас.
Ова е фундаментален чекор за пристап до националниот пазар и овозможување на Атлантика да учествува на тендерите што ќе ги издаваат властите на ОАЕ.
Паметната мерна платформа на Atalantica Digital нуди најсовремени решенија за ефикасно управување со дигиталните броила во енергетскиот и еколошки сектор.
Способноста за управување со вода, енергија и броила за гас истовремено на унифицирана платформа е голема предност за комуналните претпријатија во ОАЕ и инволвираните индустрии.
Ова важно достигнување го консолидира присуството на Atlantica Digital на пазарот на Блискиот Исток и дополнително ја зајакнува нејзината позиција како водечки снабдувач на иновативни решенија во секторот за паметно мерење.
Подготвено од М.Н.