anglija fudbal

06.07.2023 Скопје

Репрезентацијата на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство до 21 година откако ја совлада селекцијата на Израел со 3:0.

Со убедлива победа „Горди Албион“ го заврши бајковитото патување на едно од двете најголеми изненадувања на овогодинешниот турнир.

Англичаните можеа да поведат во 17. минута, но Гибс-Вајт шутираше покрај десната статива.

Човекот од Нотингем Форест се поправи во 42. минута по центаршутот на Палмер за водство на Англија пред паузата.

Се играше 63. минута кога Кол Палмер по одличната тимска акција и додавањето на Смит Роу, ја удвои предноста на Англија по прегледувањето на видеото од ВАР за потенцијален офсајд кој не постоеше.

Израел тргна на се или ништо, а тоа го искористи напаѓачот на Астон Вила, Камерон Арчер и го постигна конечниот резултат во 90. минута од натпреварот по додавањето на Палмер.

Во финалето Англија ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author