https://www.facebook.com/photo/?fbid=437086931118155&set=pb.100044505543357.-2207520000.

27.07.2023 Скопје

Просечната нето плата во Србија во мај изнесувала 86.220 динари, 737 евра, и за многумина била недостижна, бидејќи секој друг работник во Србија заработува помалку од 65.000 динари, 555 евра.

Од друга страна, најуспешните и најпопуларните сограѓани на Србија, главно спортисти, имаат астрономски плати во земјите каде што играат, толку големи што нивната сума е тешко да се разбере без да се стави во контекст разбирлив за „обичен“ човек. Да речеме во контекст на просечната плата во Србија.

Така, на пример, Никола Јокиќ, српскиот кошаркар кој игра за Денвер, двократен МВП и актуелен шампион во НБА, заработува над пет милијарди динари годишно (43 милиони евра).

Тоа значи дека Јокиќ добива околу 462.749.930 динари месечно (околу 4 милиони евра).

Ако сè уште не ви е јасно колку е тоа, можеби ќе ви помогне ако кажеме дека се 5.367 просечни плати во Србија. Или вака просечниот човек да заработи една плата на Никола Јокиќ ќе треба да работи 447 години.

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ има помала плата од Јокиќ и таа изнесува 58.800.000 динари месечно (500.000 евра), што е сепак 681 пати повеќе од просечната работничка плата.

За да ја заработи оваа сума пари, на просечниот граѓанин на Србија му требаат 57 години работа.

Исто така, тоа се парите што ги заработуваат според договорите што ги потпишале со клубовите во кои настапуваат, а во дадените бројки не се вклучени парите од спонзорства, премии и други работи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author