11.07.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се согласи да ги поддржи напорите на Шведска да се приклучи на воената алијанса на НАТО.
Во соопштението објавено од Белата куќа, Бајден додаде дека е подготвен да работи со Ердоган на подобрување на „одбраната и одвраќањето во евроатлантската област“.
Шефот на НАТО вчеравечер соопшти дека Ердоган се согласил да го испрати пристапниот протокол на Шведска за членство во Алијансата до турскиот парламент.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека ова е добар ден за Шведска.
Подготвено од А.Ѓ.