amerikanska vojska

18.07.2023 Скопје

Милиони мејлови од американската војска беа испратени до африканската земја Мали поради грешка при пишување.

Наместо да го пишуваат доменот „.MIL“ што се користи за сите адреси на е-пошта на американската војска, некои погрешно напишале „.ML“ што е домен за африканската земја Мали.

Резултатот од таквата грешка беше постојан проток на чувствителни информации кои се испраќаа во Мали.

Ниту еден од погрешно испратените мејлови не бил класифициран како доверлив, но според весникот, тие вклучувале медицински информации, мапи на американски воени објекти, финансиска евиденција и плански документи за службени патувања, како и некои дипломатски пораки.

Холандскиот интернет експерт Јохан Зурбиер бил првиот што предупредил за проблемот пред десет години.

Во 2013 година, Зурбиер склучи 10-годишен договор за управување со државниот домен на Мали, кој е пред истекување, а во последните месеци, наводно, собрал илјадници погрешно насочени мејлови.

Тој напиша писмо до американските официјални лица овој месец за да го алармира.

„Ризикот е реален и може да биде искористен од американските противници“, напиша Зурбиер во писмото.

Воената влада на Мали требаше да ја преземе контролата врз доменот во понеделник.

Пентагон соопшти дека презел чекори за решавање на проблемот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author