aleksandar vulinn

12.07.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави (САД) во текот на вчерашниот ден воведоа санкции против Александар Вулин, директор на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА).

Нему му беа воведени санкции како дел од пакетот санкции за Западен Балкан, а се уште нема објаснување за причините за воведувањето санкции.

Со оглед на тоа што оваа најава дојде како дел од санкциите кон Русија, може да се претпостави дека станува збор за мерка поради неговите ставови за Русија.

Инаку, САД пред неколку месеци ја известија Владата на Србија дека ја прекинуваат размената на информации со БИА, а се претпоставуваше дека тоа е затоа што на чело на таа институција е Вулин, кој е близок соработник на Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author