UNESCO

01.07.2023 Скопје

Земјите членки на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска гласаа за враќање на САД во таа организација.

За време на вонредната седница на Генералната конференција на УНЕСКО, резолуцијата ја поддржаа 132 членки, 15 воздржани, а 10 беа против.

Претходно во јуни, генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј рече дека САД официјално ја информирале за својата намера да го обноват своето членство во организацијата од јули. САД го напуштија УНЕСКО на 31 декември 2018 година, откако организацијата гласаше за прифаќање на Палестина како земја-членка.

„Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во јануари изјави дека САД имаат намера повторно да се приклучат, додавајќи дека некои земји го обвинија Вашингтон дека не ги сфаќа сериозно таквите организации. Затоа, по обновувањето на своето членство, САД имаат намера да ги платат своите придонеси навреме“, рече тој.

Медиумите денеска објавија дека планот за враќање на САД во УНЕСКО е резултат на долгорочни преговори меѓу американскиот Стејт департмент и претставници на организацијата и дека меѓу другото вклучува и план за отплата на долгот.

Соединетите Американски Држави во моментов се соочуваат со долг од над 600 милиони долари членарина во последните четири години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author