17.07.2023 Скопје
Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ понудија фантастично финале во кое можеше да се види одлични поени и голема борба, каква што доликува на Вимблдон, а на крајот по епска битка која траеше четири часа и 46 минути славеше 20-годишниот Шпанец за кого ова е прва титула на Вимблдон.
За Ѓоковиќ ова беше втор пораз во едно финале на Вимблдон и прв по цели 10 години.
По тешката битка на тенискиот терен кој траеше речиси пет часа Ѓоковиќ не успеа да режира уште едно големо враќање, а Алкараз го задржа својот сервис и ја освои својата прва титула на Вимблдон и вкупно втора на грен-слем турнирите.
Ѓоковиќ остана на своите 24 со кои секако е рекордер пред Рафаел Надал (22) и Роџер Федерер (20).
Подготвено од М.Н.