20.07.2023 Скопје
Во организација на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, вчера во Брисел се одржа обид за преговори меѓу Белград и Приштина.
Главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими не сакаа директно да се сретнат, па немаше напредок во преговорите.
Денеска реагираше албанскиот премиер Еди Рама, кој изјави дека ЕУ треба цврсто да дејствува за да обезбеди брза имплементација на Основниот договор.
„Нашиот регион не може да стане заложник на непрестајната криза меѓу Косово и Србија. Не можеме да дозволиме северот на Косово, каде што границата меѓу организираниот криминал и локалната политика е нејасна, да стане „мал Донбас“, а дијалогот да стане старата балканска игра за обвинување, поради недостаток на вистинска и силна волја на страните вклучени во неа!“, истакна Рама.
Подготвено од А.Ѓ.