14.07.2023 Скопје
Грчките власти денеска ќе го затворат Акропол на неколку часа за да ги заштитат посетителите од топлотниот бран што ја зафати Грција и другите јужноевропски земји.
Ридот на кој се наоѓа Акропол ќе биде затворен од пладне до 17 часот по локално време, соопштија властите.
Грчката метеоролошка служба соопшти дека температурите во Атина ќе достигнат до 41 Целзиусов степен, но температурата во близина на Акропол е обично повисока отколку во остатокот од главниот град.
Топлотниот бран „Кербер“ зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, со потенцијал за соборување на рекордни температури во наредните денови.
Подготвено од А.Ѓ.